Македонија
11. March 2016 - 17:59

Стевче Јакимовски: Зоран Заев ми бараше 250.000 евра

Зоран Заев му барал 250.000 евра на Стевчо Јакимовски. Градоначалникот на Карпош лично ја обелодени новата афера од говорницата во Советот на општината.

Јакимовски го обвини и портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов за нелегално работење

Дебатата во советот на општина Карпош се разгоре откако советничката на СДСМ, Магдалена Несторовска која техничкиот министер Оливер Спасовски пред два месеци ја вработи во МВР му се закани на Јакимовски дека ќе одговара за криминал.

Извори од полицијата за Сител велат дека заканите на Несторовска во МВР биле дочекани како класична злоупотреба на полицијата во партиски цели.
Од СДСМ велат дека обвинувањата на Јакимовски се лага. Портпаролот Шилегов денеска си го нарача ова прашање од новинарите, а потоа само го повтори соопштението кое СДСМ претходно го испрати

Ова е втор пат за помалку од една година лидерот на СДСМ Зоран Заев да биде во центарот на скандал поврзан со мито и изнуда на пари.