Џет-Сет
18. December 2017 - 9:12

Стеван како Елвис ја однесе победата во ТЛЗП

Српскиот пејач Стеван Анѓелковиќ победи синоќа во финелето од четвртата сезона на хуманитарното шоу „Твоето лице звучи познато“.

Со одличната имитација на Елвис Присли Стеван ја освои главната награда од 25.000 евра која оди во хуманитарни цели, односно пејачот ваучерот ќе го донира во Детското одделение на Клиниката за Онкологија во Србија.

Во финалето покрај Стеван за наградата се бореа и Едита, Тијана, Леон и Драгана.

Тијана во финалето заврши втора сo 26 гласови помалку од Стеван, трета беше Едита, четврта Драгана и петти Леон.

Шоуто го отворија Мира, Беи Дол и Бане со фантастичните ренесансни костими како Army of Lovers со нумерата Crucified.

Натпреварувачкиот дел го отвори Тијана како Фреди Меркјури со емотивната песна  "Who wants to live forever" и "Show must go on" ја оживеа енергијата на Фреди на сцена. Тијана го избра токму овој настап зошто растела со неговата музија и тој и е омилен пејач на сите времиња.

-Секоја чест навистина. Ти благодарам за 4 месеци дружење и се што направи. Фреди Меркјури не е мачкина кашлица, рече Ѓуро.

-Ова беше феноменална нумера и ти благодарам на тоа, даде и срце и душа, ти си феноменален уметник, рече Андрија.

-Се сложувам, ти покажа навистина толку различности, шарени нумери и супер е што за вечерва го избра Фреди, ти честитам за целиот овој серијал, рече Александра.

-Ти се заслужи медал за храброст, машки го изнесе ова, рече Тончи.

Следен настапи Леон како Синан Сакиќ и донесе кафеанска атмосфера во студиото, пеејќи ги песните „Лепа до бола“ и „Еј од кад сам се родио“.

Едита како Бијонсе со песната "Run the world" блесна на сцената и танцово ја долови Бијонсе иако имаше проблем со ушната слушалица која и се откачи.

Четврта настапи Драгана Миќаловиќ која се претстави како Џенифер Лопез и нејзиниот настап од доделувањето на американските награди.

Последен финалист на сцената беше Стеван Анѓелковиќ кој влезе во кожата на Елвис Присли, го  отпеа славниот хит "Always on my mind" и победи.