Loading Video...
Македонија
11. јуни 2021 - 16:40

Стејт департментот бара старт на преговори за Македонија без одложување

САД јасно застанаа зад евроаспирациите на Македонија и Албанија. Стејт департменот со порака дека ќе направат се за да нема повеќе одлагања на почетокот на преговарачкиот процес.

„Поддржуваме отворање преговори за членство во ЕУ со С. Македонија и Албанија без одложување. Се ангажираме на највисоки нивоа во владата, за да ја демонстрираме нашата посветеност кон европскиот пат на земјите аспиранти“, напиша на твитер портпаролот Нед Прајс.

Пораката доаѓа на стартот на турнеата на американскиот престедател Бајден на Европа, во чии рамки тој ќе учествува на самитот на НАТО, а веднаш потоа и на самитот на САД и ЕУ во Брисел. Регипоналните медиуми пренесуваат дека на овие средби тема ќе биде и регионот. Пред неколку дена Бајден издаде декрет за воведување санкции за лица и ентитети кои претставуваат закана за стабилноста на Западниот Балкан. Во извршната наредба се проширува опфатот на казнување и на оние лица или ентитети што ги загрозуваат Преспанскиот договор и Охридскиот рамковен договор. Грчката влада денеска ја поздрави одлуката на американската администрација, со напомена дека тие не спаѓаат во државите на Западен Балкан.

„Грција, како што знаете, цврсто ја поддржува европската перспектива на земјите од Западен Балкан, секако во корист на стабилноста на регионот. Ова прашање, како што знаете, се однесува на одново вклучување на регионот во американскиот систем за санкции. Оттука, сакам да потесетам дека Грција не припаѓа на Западен Балкан, членка е на Европската Унија и НАТО“, рече Пелони на денешниот редовен брифинг со новинарите, во одговор на прашањето на МИА за предвидените санкции вклучени во американската политика, а поврзани со регионот и Договорот од Преспа.

На самитот САД – ЕУ на 15 јуни би требало да се потпише и заедничката декларација, во која Вашингтон и Брисел ќе се обврзат за засилен ангажман во Западен Балкан.