Свет
19. December 2017 - 9:28

Стејт департментот бара испорака на хуманитарна помош за Јемен

Американскиот заменик државен секретар Џон Саливен ги повика завојуваните страни во Јемен да овозможат нормализирање на доставувањето хуманитарна помош до земјата, која се соочува со глад и епидемии на заразни болести.

Саливан синоќа имаше средба со раководството на организацијата УСАИД и претставници на државни и невладини хуманитарни организации од Јемен, со кои дискутираше за ембаргото кое е на сила врз оваа земја.

Саудиска Арабија, која ја поддржува сунитската страна и Владата на Јемен, воведе трговско ембарго како дел од своите воени операции против шиитските бунитовници Хути, кои се помогнати од Иран.

Како резултат на ембаргото и на крвавата граѓанска војна, Јемен се соочува со глад.

Според соопштението на Стејт департментот, Саливен ги обвини Хутите за разгорување на конфликтот и за влошување на хуманитарната состојба во Јемен.

Тој повика да се отвори пристаништето Худадија во Црвеното Море, за пратки со храна и друга хуманитарна помош, како и да се инсталираат нови кранови за растовар на трговски бродови.