Стејт департмент: Тилерсон нема да поднесе оставка
Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон нема намера да поднесе оставка, соопшти Стејт департментот. Соопштението е објавено синоќа по информации дека Тилерсон би можел да се повлече поради несогласување со Белата куќа.
– Тоа не е точно. Разговаравме со државниот секретар и тој беше јасен: има намера да остане овде. Уште имаме многу работа, изјави портпаролката Хедер Науер.
Скратениот распоред на Тилерсон го нарече „мал одмор“ по бројните состаноци во Европа и Персискиот залив во јули.
Откако ја презеде функцијата во февруари, Тилерсон е критикуван поради тајност во работата и проектите за намалување на буџетот на Стејт департментот за 30 отсто. Таму работат повеќе од 70.000 луѓе.
Си-Ен-Ен објави изјава на неименуван извор дека Тилерсон, поранешен шеф на ЕксонМобајл, е „фрустриран од мешањето на Белата куќа во процесот на именување негови соработници“.
Ново на Сител
-
Мицкоски очекува ТВ дуел со Ковачевски
-
МТСП: Понеделник неработен за граѓаните од католичка вероисповед
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо
-
Објавен конкурсот за уписи во средно училиште