Свет
19. јуни 2018 - 10:35

Стејт департмент: САД загрижени за политичките и верските слободи во Русија

САД се длабоко загрижеи за растечкиот број на лица кои властите во Русија ги осудија на затворски казни поради изразување на политички или религиозни ставови, соопшти американскиот Стејт департмент.

- Посебно сме загрижени за здравјето на четворицата Украинци неправедно осудени на казни затвор, кои моментно штрајкуваат со глад, изјави портпаролката на СТејт департментот, Хедер Нојерт.

Режисерот Олег Сенцов, како и Станислав Кљух, Олександар Шумков и Володимр Балух се осудени на долгогодишни затворски казни во Русија.

- Исто така сме огорчени од случајот со Ојуб Титиев, борец за човекови права од Чеченија (раководител на огранокот на „Меморијал“ во Грозни), осуден врз основа на фабрикувани обвиненија за поседување дрога, чиј притвор неодамна беше продолжен, додаде Нојерт.

Како што јави дописникот на МИА од Вашингтон, Стејт департментот посочува дека руските власти ги казнуваат и оние кои вршат мирна верска служба и ги наведува случаите со припадникот на Јеховините сведоци, Денис Кристенсен, кој бил упасен и без судење се наоѓа во притвор од мај 2017 година, со петтемина предводници на Саентолошката црква во Русија, кои исто така без судење се држат во притвор од јуни 2017 година, како и десеттина муслимани, следбеници на теолошката секта Саид Нурси.

- Ја повикуваме Русија веднаш да ги ослободи сите политички и верски затвореници и да ја запре злоупотребата на својот правен систем со угнетување на дисидентите и оние кои практикуваат мирна црковна служба. Рускиот народ, како сите луѓе насекаде, заслужува еднаков третман заштитен со закон и можност да ги реализира своите права без страв од државен прогон, се вели во соопштението.

Рускиот претседател Владимир Путин на почетокот на месецов во интервју за австриската телевизја ОРТ изјави дека Москва не ги забранува политичките и граѓанските слободи на рускиот народ.

- Нашите медиуми се слободни. Луѓето имаат слобода на говор и можат да се истакнат како претставници на многу политички движења, изјави тогаш Путин.

Сепак, реалноста е поинаква. Според извештајот на „Фридом хаус“ за 2018 година, Русија е рангирана како „неслободна“ земја.

- Власта во рускиот авторитарен политички систем е концентрирана во рацете на Владимир Путин. Со безбедносни служби лојални на претседателот, покорно судство, контролирани медиуми и законодавство под контрола на владејачката партија и потчинети опозициски групи. Кремљ ги манипулира изборите и ја забранува изворната опозиција, се вели во најновиот извештај на „Фридом хаус“.

Рускиот интерент е под постојан мониторинг на безбедносните служби, и Русија е првата земја во светот каде поединец бил осуден поради споделување на статус на социјалните мрежи.

Витолд Филипов во 2012 година од судот во Казан беше осуден за екстремизам, бидејќи кликнал лајк и споделил фотографија од филмот „Американска историја