Стејт департмент: САД не ја охрабруваат Украина да изврши напади против Русија
САД денеска соопштија дека „не ја охрабруваат“ Украина да изврши напади против Русија по нападите со беспилотни летала на неколку руски воздухопловни бази за кои се смета дека дошле од Киев, јави Бета.
„Ние не и помагаме на Украина да организира напади надвор од нејзините граници. Сè што правиме, се што прави светот за да ја поддржи Украина оди во прилог на поддршката за независноста на Украина“, рече портпаролот на Стејт департментот, Нед Прајс.
Тој не ги припиша новите напади со беспилотни летала на Киев, кој не презеде одговорност за нападите. Русија извести дека три лица загинале, а два авиона биле оштетени во еден од тие напади чија цел биле бази на нејзина територија.
„Ние ја снабдуваме Украина со она што треба да се користи на нејзината суверена територија, на украинска територија, за да се соочи со рускиот агресор“, рече Нед Прајс.
Ново на Сител
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 15 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 13 часот
-
Просечна излезност до 11 часот
-
ОБСЕ: На крајот на денот ќе оцениме како се одржало гласањето
-
Аналитички центар на Сител: Просечна излезност до 9 часот
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота