Македонија
13. July 2019 - 16:03

Стејт департмент: Корупцијата во владините тендери и судството проблем за странските инвеститори

Владеењето  на правото и натаму значаен ризик за инвеститорите се вели во најновиот извештај на Стејт Департментот за инвестициската клима со кој се опфатени 170 земји.  Во анализата пишува дека привлекувањето на странки компании е еден од главните столбови на  владата за поголем економски раст и создавање на работни места.  Сепак бројни меѓународни извештаи го наведуваат неуспехот на државата за целосно почитување  на правото, а политизацијата на органите за надзор  и судството, се главен проблем  за инвестирорите.

„Сеуште спроведувањето на договорите и решавањето на спорови во судскиот систем траат предолго, чинат многу и се предмет на политички притисоци“ пишува во извештајот.

Како што се наведува во извештајот, Северна Македонија има закони за справување со поткуп, за злоупотреба на службена положба, конфликт на интереси каде владини службеници и нивните блиски роднини се законски обврзани да ги обелоденат своите приходи и средатва.

„Сепак спроведувањето на антикорупцките закони е слабо но и селективно. Има веродостојни обовнувања за корупција во спровеудвање на законите, судството но и во  многу други сектори.“

Забелешка е и тоа што владата не бара од прватните компании да воспостават внатрешен кодекс за однесување кој забранува поткуп на јавни службеници. Голем број невладини се фокусираат на антикорупција, транспаретност во јавните финансии и тендерските постапки. Чести се и извештаите за непотизам во јавните тендери. Владата не обезбедува никаква посебна заштита за невладиниот сектор кој е  вклучен во истражуивањето на корупцијата.

„Многу бизниси кои работат во земјава вклучувајќи и некои од компаниите од САД ја идентификуваа корупцијата како проблем кај владините тендери и во судството. Ниту една локална компанија или непрофитна група не обезбедува услуги за проверка на потенцијални локални инвеситциски партнери. Странките компании често ангажираат локални адвокати кои имаат знаење за локалните индустриски сектор, имаат пристап до централниот регистар и бизнси асоцијациите. Така можатд а обезбедат финансиски и основни информации за локалните бзиниси и потенцијалните партнери. “ се вели во извештајот.

Тонско Да им се помогне на американските компании да успеат низ целиот свет обезбедувајќи им  да се отворат нови пазаро и да се рушат бариерите е камен темелник на економската дипломатија. Ивештаите за инвестициска клима ја поддржуваат оваа цел со тоа што ги нагласуваат реформире што треба да с енаправцат на ова поле и да се информираат американските компании кои бараат нови пазари

Извештајотѕ за инвестициската клима опфаќа мониторинг на 170 земји. Од регионот слични критики има и за соседните Албанија и Србија. Кај Албанија се констатира високо ниво на корупција и неоправдано богатење кај судиите кои треба да бидат столб на правдата.