Стејт департмент: Кери и индискиот премиер Моди разговараа за борбата со тероризмот
Американскиот државен секретар Џон Кери и американскиот министер за трговија Пени Прицкер, вчера во рамки на посетата на Индија се сретнаа со премиерот Нарендра Моди, и на средбата се разгледале широк круг прашања, пред новинарите изјави портпаролот на Стејт департментот Марк Тонер, цитиран од ТАСС.
Тој соопшти дека една од главните теми во разговорот бил проблемот на регионалната безбедност, вклучувајќи ја и борбата со тероризмот.
- Државниот секретар ја потенцира нашата вкупна ангажираност за владеењето на законот во меѓународната политика, како и нашиот интерес кон проширувањето на економските врски во индиско-тихоокеанскиот регион, додаде Тонер.
Прицкер, од своја страна, ги поздрави реформите што ги спроведе официјален Њу Делхи, и ги потикна американските компании многу повеќе да инвестираат во развојот на чиста енергија во Индија, како и во одбраната и другите сектори од економијата.
Ново на Сител
-
Зоолошката не треба да биде партиски обоена! | Ѓорги Галетановски | ПРОфесија | Sitel Podcast 058
-
Народна банка: Стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот задржана на 1,75 отсто
-
Дезинсекција на скопска територија ќе се врши наредните денови
-
Пет пожари на отворено низ државава изминатото деноноќие
-
Кривична за поранешен директор на затвор – ослободувал осуденици
-
Големи урагани во Флорида, тројца мртви, милиони без стуја | ВИДЕО
-
Такси се појави на сред напревар во Бугарија | ВИДЕО
-
Состојба на патиштата