Македонија
30. јуни 2022 - 14:24

Стефковски:Во Гази Баба започнуваат две големи капитални инвестиции во вредност од 30 милиони денари

Почитувани претставници на медиумите,

Почитувани сограѓани,

Денес во посета на општина Гази Баба е претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски со кого заедно започнуваме со реализација на две големи капитални инвестиции чија вкупна вредност е околу 30 милиони денари. Во моментот се наоѓаме во населеното место Црешево каде означуваме почеток на градба на првата фаза од фекалната канализација во ова населено место во вкупна должина од 2. 400метри, инвестиција вредна 20 милиони денари обезбедени од буџетот на општина Гази Баба.

Исто така претходно имавме можност да го посетиме населеното место Гоце Делчев каде што извршивме увид во градежните работи кои што се одвиваат на третата фаза од изградбата на фекалната канализација во вкупна должина од 1000 метри, инвестиција вредна 8 милиони денари.

Само со двата проекти кои што денес ги започнуваме опфаќаме канализациона мрежа во должина од околу 3.5 километри и вкупната инвестиција околу 30 милиони денари.

Освен во овие два проекти, реализираме паралелно и приклучоци на фекална канализација во населеното место Јурумлери, а наскоро ќе имаме можност да ја пуштиме во употреба фекалната канализација со изградена пречистителна станица во населеното место Смилковци.

Во Гази Баба се реализираат проекти во сите населени места и во сите области. Гази Баба го слуша гласот на народот и согласно нивните барања и потреби започнуваме со проекти со кој што се решаваат децениските проблеми на граѓаните.

Во партнерство со граѓаните ќе продолжиме да дејствуваме и во наредниот период. Гази Баба ќе ја развиваме и ќе ја градиме рамномерно во секој дел од нејзината територија.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ