Стефковски: Општина Гази Баба ќе донира 450.000 денари за помош на семејствата на загинатите во несреќата
Советот на општина Гази Баба денес 25.11.2021 година (четврток) на барање на градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски ја оддржа четврата седница.
Седницата започна со едноминутно молчење во знак на почит кон загинатите во сообраќајната несреќа која се случи во Република Бугарија.
На седницата се обрати градоначалникот Стефковски кој пред советниците истакна:
"Во мигови на голема тага и жалост во кои се наоѓа Република Македонија, хуманоста и солидарноста се најпотребни.
Општина Гази Баба и нашите жители пред помалку од пет години бевме соочени со друг вид на несреќа која исто така одзема човечки животи и нанесе голема материјална штета. Во тоа време цела Македонија, соседните држави, организации и граѓани се обединија во солидарноста и хуманоста и подадоа рака за жителите на Стајковци, Црешево, Синглиќ и останатите населени места погодени од поплавата.
Општина Гази Баба не заборава и затоа кога и на кого да е потребно, Општина Гази Баба ќе помага."
За седницата, градоначалникот Стефковски напиша на својата официјална фејсбук страна.
Ново на Сител
-
ДИК: Oбработени 96,37% од гласовите, Силјановска Давковa 351.826 - Пендаровски 174.658
-
ДИК: Oд обработени 90,18% oд гласовите Силјановска Давкова 325.150, Пендаровски 162.062
-
Ковачевски: Знам дека многу наши поддржувачи се разочарани, но сега не е време за откажување
-
ДИК: Oд обработени 87,17% oд гласовите Силјановска Давкова 315.638, Пендаровски 156.406
-
Мицкоски: Победуваме со над 170.000 гласа разлика
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Димитриевски: Испишуваме историја, се роди 3-тата политичка сила во македонскиот политички блок