Балкан
20. March 2017 - 12:04

Стефановиќ: Рекордна заплена на „сканк“ во регионот

Српскиот министер за внатрешни работи Небојша Стефановиќ денеска сооопшти дека полицијата синоќа заплениле над еден тон дрога „сканк“.

Тој на прес-конференција истакна дека станува збор за рекордна заплена, не само во Србија, туку и во регионот.

- Со сериозна и напорна работа луѓето од Управата за криминалистичка полиција во реонот меѓу Нови Сад и Бачка Паланка уапсена е криминална група која го превезувала тоа количество на наркотик, нагласи Стефановиќ.

Српскиот министер истакна дека „тоа е една од најголемите заплени досега и тоа покажува дека Србија е подготвена да биде добра потпора за целиот регион во борбата против шверцот на дрога“.