Стефановиќ: Изјавата на Хоџај е непријателски акт
Српскиот вицепремиер и министер за внатрешни работи Небојша Стефановиќ, реагираше синоќа по повод изјавата на косовскиот вицепремиер Енвер Хоџај дека во Хрватска, Македонија и во Црна Гора разговарал за создавање на регионален пакт против Србија.
Стефановиќ за ТВ Пинк изјави дека оваа изјава на Хоџај преставува непријателски акт против Србија и нејзините граѓани и повик за додатна дестабилизација во регионот.
Тој рече дека не разбира зошто Србија би се нашла на мета на некаков регионален сојуз, земајќи предвид дека со сите се обидувала да развие добрососедски односи, но ќе биде интересно наведените земји прво да се одредат.
– Да слушнеме што тие размислуваат за ова кое преставува отворена агресија врз Србија и кое повикува на дополнителна нестабилност во регионот, бидејќи од зборовите на Хоџај гледаме само омраза насочена кон Србија и српскиот народ, рече Стефановиќ.
Истакна дека Србија ништо лошо им нема направено на Црна Гора, Македонија или БиХ, освен што им помагала.
Со реакција се јави и директорот на владината канцеларија за Косово Марко Ѓуриќ, кој изјави дека „Енвер Хоџај ги открил вистинските намери на Приштина, порачувајќи дека нивната цел е уништување на Србија и создавање на непријателска антисрпска коалиција во регионот.“
Вицепремиерот на Косово Енвер Хоџај во саботата за загребачкиот весник „Вечењи лист“ изјави дека во неколку наврати за време на престојот во Хрватска, Македонија и Црна Гора разговарал со лидерите на тие земји за основање на пакт кој би и се спротивставил на Србија и на „нејзината агресивна политика”.
Тој ова го оправда со фактот дека Србија, „ја продолжува агресивната кампања против Косово” и сака, покрај Косово, да го дестабилизира целиот регион, за што како што Хоџај изјави, им кажал на хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ и премиерот Андреј Пленковиќ.
- На сите им е јасно. Кога не предизвикува криза со Косово, тогаш ја предизвикува со Хрватска или со Македонија или Црна Гора”. Србија има добри односи само со Република Српска и со никој друг. Зарем тоа не е чудно? Во неколку наврата,за време на престојот во Хрватска, Македонија и Црна Гора, разговарав со лидерите на овие земји да основаме еден пакт кој би и се спротивставил на Србија и на нејзината агресивна политика , рече Хоџај.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација