Loading Video...
Спорт плус
27. January 2019 - 15:14

Стефани Вениер е победничка на спустот во Гармиш-Партенкирхен

Австријката, Стефани Вениер е победничка на спуст  трка, што се одржа во Гармиш-Партенкирхен. 
 
До својот прв триумф во кариерата, Австријката стигна со 25 стотинки побрзо време од Италијанката, Софија Гоџа, која и вчера беше второ пласирана во Супе-џи. 
 
Третото место и припадна на Германката, Кира Вајдл со 54 стотинки побавно време од победничката. 
 
Водечката во генералниот поредок во Светскиот куп,  Микаела Шифрин, не настапи на денешната трка, но Американката и натаму е убедливо прва со 1.494 бодови, пред Петра Влахова од Чешка со 898. 
 
Австријката, Николе Шмидхоферкоја денеска заврши седма, е лидер во поредокот во Супуст со 364 бодови.