-->
-->
Стефани ја напушти куќата на Големиот Брат!
-->
По повеќе од 40 дена, Стефани Баниќ по неколку дена размислување доброволно ја напушти куќата на Големиот брат.
Претходната недела Стефани истакна дека не може повеќе да издржи затворена во четири ѕида и побара да разговара со психолог, што и беше дозволено.
Откако во средата побара од Големиот брат да ја напушти куќата, тој и даде 24 часа за да размисли за својата одлука.
По инсистирањето на останатите станари, Стефани сепак остана во куќата. Но, ситуацијата во куќата не се промени, односот со Ервин се заостри, нивната романтика згасна а тоа беше премногу за Стефани.
Таа исто така имаше можност да разговара со својата мајка, а на крајот се одлучи да ја напушти куќата.
Оваа одлука предизвика тага и незадоволство меѓу станарите, а особено емотивен беше Раде кој се расплака.
Стефани сигурно ќе ја паметиме како една од најживописните станари во овогодинешното издание на Големиот брат.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
До четврток облачно со дожд, од петок стабилизирање на времето
-
Граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година ќе може да гласаат на утрешните претседателски избори
-
Тешко повреден пешак во сообраќајка во Скопје
-
Во Хрватска падна снег | ВИДЕО
-
Пожар на грчкиот остров Крит во близина на поморската база Суда, превентивно евакуирани населба, болница и училиште
-
Првите шест авиони „Рафал“ во Хрватска пристигнуваат оваа недела
-
Швајцарија замрзна руски имот во вредност од 5,8 милијарди франци
-
Венеција почнува да наплаќа влезници