-->
-->
Стефан Мечкароски го фати светиот крст во Струга
-->

Дваесет и три годишниот Стефан Мечкароски од Струга го фати светиот крст во водите на реката Црн Дрим.
Мечкароски од мал скокал, но првпат го фаќа светиот крст. Во тековната година очекува здравје, а другото, како што рече, само ќе дојде.
- Секоја година скокам, но првпат го фаќам крстот. Не очекував. Пред се да сме здрави и живи, тоа е најбитно, другото се само посебе ќе дојде. Што ќе даде Господ тоа, изјави Мечкароски.
Најсреќниот фаќач беше даруван со златно ланче и крст од годинашниот кум на манифестацијата Лазо Липоски.
По Светиот крст во Струга скокнаа 100-тина верници во ладните води на Црн Дрим, а водите ги осветија свештеници од Дебарско-Кичевската епархија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Молитва на македонски јазик пред вечното почивалиште на Свети Кирил во Рим
-

Филипче: Оставката на Земон е одличен морален чин, СДСМ работи исклучиво за македонските интереси
-

30 дена притвор за возачот на камионот по трагедијата на скопската обиколница
-

Локалитетот Манчевци - музеј на отворено
-

Македонската народна музика и песна два дена ќе ечи во Прилеп и Долнени - започна „Пеце Атанасовски“
-

Преглед на вестите од светот
-

Tема на денот со Гордана Сиљановска Давкова, претседателка
-

Четворица загинати во тешка сообраќајка на скопската обиколница
