Кошарка
8. March 2021 - 10:41

Стеф Кари шампион во „тројки“

Со само еден подобар удар трофејот  во шутирање тројки на Ол стар викендот му припадна на Стеф Кари од Голден стејт Вориорс. Кари, титулата во шутирање тројки ја освои и во 2015 година. Бекот на Вориорс трофејот го презеде од Бади Хилд, Сакраменто Кингс, кој победи во 2019 година.
 
Кари во финалната серија ги победи Џејсон Тејтон од Бостон Селтикс и Мајк Конли од Јута Џез.
 
Тејтум беше лош во финалето, погоди 17 тројки, Конли блескаше со 27 тројки, а Кари финалето го заврши со 28 тројки.
 
Бекот на Вориорс ги промаши првите три шута, а потоа влезе во ритам, во последните секунди ја погоди последната шарена топка и ја однесе победата.