Џет-Сет
15. April 2016 - 10:38

Стаз Наир ново име во шестата сезона на „Игра на престолите“

Датумот 24 април е резервиран за стартот на шестата сезона на популарната серија „Игра на престолите“, а нејзините бројни обожаватели ширум светот со нетрпение чекаат да дознаат што ќе се случи со преживеаните ликови. 

Но, сега постои уште една многу добра причина поради која сите обожавателки на серијата уште повеќе ќе се радуваат на нејзиното продолжение. Таа причината се вика Стаз Наир. 

Прекрасниот глумец, со темна коса и прекрасни зелени очи, ќе се појави во улогата на воин, што е и официјално потврдено. Засега се уште не се познати деталите, освен дека ова ќе биде прва голема улога на ова сексипилното момче.  

Стаз, кој им руско и индиско потекло, се бави со манекенство и музика и многу сака да патува.