Фудбал
16. May 2017 - 8:30

Ставрев ќе го суди финалето во Купот на Македонија

 
 Еден од најдобрите македонски интернационални судии, Александар Ставрев, ќе го суди финалето на фудбалскиот Куп на Македонија. 
 
Ставрев ќе ја има честа, но и обврската да ја дели правдата на мечот меѓу бранителот на трофејот во ова натпреварување тетовска Шкендија и битолски Пелистер, меч по кој ќе биде познат годинашниот освојувач на националниот Куп. 
 
Асистенти на Ставрев ќе му бидат Марјан Кировски и Дејан Костадинов, додека за четврти судија е назначен Никола Караколев, а дополнителни судии ќе бидат Димитар Мечкаровски и Дејан Јакимовски. 
 
Финалето во Купот на Македонија ќе се игра во среда (17 мај) на стадионот „Младост“ во Струмица со почеток од 17 часот.