Бизнис
10. September 2015 - 16:04

Ставрески:Владата и натаму фокусирана на поддршка на домашните фирми

Позитивни се вестите за отворање странски компании кои носат вработувања и повисоки технолошки производи, но домашните фирми се стожерот на економскиот раст и на вработувањата и затоа Владата беше, е и ќе остане целосно фокусирана на поддршка на домашните фирми.

Ова го истакна вицепремиеот и министер за финансии Зоран Ставрески кој додаде дека поддршката е изразена преку повеќе аспекти меѓу кои ниските трошоци за домашните фирми пристапот до финансиски средства и поддршката што се дава на домашните фирми преку Буџетот.

- Македонските фирми имаат најниски трошоци во Европа изразено преку ниските даноци. Со ефективна даночна стапка од 7,4 проценти Република Македонија има најниска стапка во Европа. Само Македонија и Естонија овозможуваат фирмите што ја реинвестираат добивката да не плаќаат воопшто данок, за малите и мирко претпријатија, кои се околу 37.0000 овозможивме да не плаќаат данок во РМ, намалени се стапките на социјалните придонеси од 33 на 26,5 проценти. Истоврмено се овозможи со намаљлување на царините да се поддржат голем дел на индустрии во РМ како што е прехранбената, печатарската и транспортниот сектор. Го намаливме ДДВ-то за станови со поддршка на градежните компании. Го намаливме ДДВ-то за компјутери и поддршка на ИТ компании. Намаливме ДДВ за многу други производи на пример за туризмот со поддршка на туристичките компании, хотелиерството и слично, изјави Ставрески.

Тој потенцира дека ниските трошоци подразбираат и поддршка во делот на вработувањата преку проектот Македонија вработува, потоа преку намалувањето на казните со измените на над 100 закони, со регулаторната гилотина и со други мерки преку поеднсотавување на да можат да купат земјиште по едно евро за метар квадратен, можноста да се репрограмираат долговите и слично.

Според Ставрески, сите овие работи претставуваат добра бизнис клима и овозможуваат домашните фирми да работат со ниски трошоци.

Домашните фирми, како што додаде, имаат на располагање 350 милиони евра со повластена камата од 5,5 проценти преку кои се реализирани над 1500 проекти, односно 1.500 фирми реализираа инвестиции преку овие средства.

Поддршка фирмите добија и преку Буџетот, односно, како што рече министерот, преку високото ниво на капитални инвестиции и другите јавни набавки со кои се овозможува континуиран ангажман на домашните фирми, градежнишвото и на многу други.