Ставрески: Вратите за финансирање од меѓународните институции ни се отворени
Вратите на меѓународните финансиски инсутуции за Македонија не се затворени, иако некои медиуми тоа го тврдат. Македонија има добри односи со сите меѓународни финансиски институции, како со Светска банка, така и со Европската банка за обнова и развој, ММФ и Европската инвестициска банка, изјави вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески.
Во интервју за ТВ Нова вели дека сите врати за финансирање на добри проекти се отворени и нема информација дека има каква било резерва од нивна страна во поглед на финансирањето на инвестициските потреби на Македонија.
Според него политичката криза која веќе долго време ја држи земјата во заложништво, очигледно е пропратена со пропагандна војна во која што се шират различни нецелосни информации и дезинформации.
- Таква беше и информацијата што пред некој ден излезе во јавноста, а се однесува на средствата што Светска банка ни ги одобри во јануари годинава. Вистината дека бордот на Светска банка на почетокот на јануари го одобри кредитот за поддршка на општините за Македонија во износ од 28 милиони американски долари. Во тој период изборите беа планирани за 24-ти април, а бидејќи 60 дена пред тоа настапува период на техничка влада, односно се распишуваат изборите, со Светската банка беше договорено, кредитот да стане ефективен веднаш по изборите. Истото го прави Светската банка и со други земји во слични ситуација“, појасни Ставрески.
Според него, оваа информација била позната уште во јануари, и во некои медиуми беше објавена, а сега, со цел да се потенцира тоа дека наводно на земјата и се ограничуваат финансиските средства, се рециклира и добива поинаква димензија.
- Првите информации што излегоа на некои медиуми беа дека Светска банка го прекинува финансирањето на Македонија. Ова не е точно. Таа веќе го одобри кредитот кој требаше да биде ефективен по изборите. Потоа, ние ги одложивме изборите, а тоа е наш внатрешен проблем, од политички причини тие се одложија од април за јуни. Не се прекинати целокупните финансирања на Светска банка и ММФ, појаснува Ставрески.
Ново на Сител
-
Ковачевски од Демир Капија: СДСМ и Коалицијата се единствена опција за европска иднина на државата
-
Силен земјотрес ја стресе Турција
-
Покрај отстапката на властите сите локални избори да бидат на 2 јуни, опозицијата се уште без став дали ќе излезе на избори
-
Николоски: На овие избори се одлучува дали Али Ахмети ќе продолжи да газдува со Македонија
-
За 3 дена во странствo ќе заработам како за 3 години тука | Ана Марија Јанковиќ | Sitel Podcast 027
-
Дачиќ за Бујар Османи: Интересно е дека Пендаровски не бил информиран за резолуцијата за Сребреница
-
Столтенберг: НАТО работи на испраќање повеќе ПВО системи во Украина
-
Бислими: Српската страна не нуди идеи за решавање на проблемот на употребата на динарот на Косово