Ставрески: Над 2.500 фирми ја искористија можноста за откуп на земјиштето
Можноста за откуп на земјиште со владиниот проект од 2009 година досега ја искористиле над 2.500 фирми, а поддршката и помошта за бизнисот со такви проекти ќе продолжи, истакна вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески при денешната посета на општина Василево.
- Над 2.500 фирми во Македонија досега ја искористија можноста за откуп на земјиштето при што Министерството за финансии и Владата помогнаа преку директи контакти со дел од фирмите да се разрешат одредени сложени прашања за приватизацијата на земјиштето, како големи, така и помали фирми да го реализираат тоа, односно да си го откупат земјиштето, изјави Ставрески одговарајќи на новинарски прашања.
Откупот на земјиштето, потенцира вицепремиерот и министер за финансии, е многу значен за фирмите бидејќи, како што рече, кога го поседуваат земјиштето ќе можат да го користат и како хипотека за да добијат финансиска поддршка од банките.
- Задоволен сум од тој процес и ќе продолжиме и понатаму со поддршка и помош на фирмите и останатите што се заинтересирани да го приватизираат земјиштето под извонредно поволни услови, истакна Ставрески.
Тој потсети дека проектот за откуп на земјиштето беше едно од долгогодишните барања на бизнисмените во Македонија кое што ниту една друга влада претходно го немаше решено.
- Од 2009 година овозможивме да почне да се реализира откупот на земјиштето по повластени услови со попуст од 30 отсто доколку фирмите го платат во готовина со поволни цени, рече Ставрески.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Владо Мисајловски, носител на листа ИЕ2 од ВМРО-ДПМНЕ
-
Мицкоски ги повика Апасиев и Димитриевски на обединување
-
Парламентарни избори 2024
-
Претседателски избори 2024
-
МОН до основните училишта: Во саботите ќе се одработуваат неработните денови поради изборите
-
Оспорени 3.000 вработувања кои ги потпишал Бесими без врзан потпис, ДИК ќе одлучува дали ќе останат на работа
-
Компанијата „Еуромакс Ресоурсес“ со последно предупредување пред да ја тужи државата за рудникот „Иловица - Штука“
-
Скопје ја надмина бројката од 400 заразени со голема кашлица