Спорт плус
18. January 2022 - 11:16

Ставре Јада по втор пат ќе учествува на Зимски олимписки игри

Крушевчанецот Ставре Јада по втор пат ќе настапи на едни Зимски олимписки игри. Олимпијадата ќе се одржи во Пекинг од 4 до 20 февруари.

Македонецот ќе настапува на спринт од 1,4 километри и во маратонот од 50 км.

– По втор пат учествувам на едни Олимписки игри во мојот спорт нордиско скијање. Претходно бев учесник на Игрите во Јужна Кореа во 2018 година. Од 4 до 20 февруари повторно ќе ги претставувам боите на Македонија, изјави Ставре Јада.

Градоначалникот на Крушево, Томе Христоски му посака успешен настап на Јада во Пекинг.