Живот
19. December 2017 - 13:24

Ставете фолија позади радијаторот: И гледајте како се случува магија, а сметките за струја се помали и помали

Студената зима која е пред нас може да биде малку потопла, ако го искористите овој паметен и едноставен трик со фолија.
 
Трикот е едноставен - обична алуминиумска фолија ставете на радијаторот за таа да ја рефлектира топлината и да го направи станот уште потопол. 
 
Ова е посебно добар трик за сите луѓе кои се грејат на струја бидејќи на овој начин можете да ја намалите потрошната електрична енергија, а да не се смрзнувате.
 
Се што треба да направите е да земете едно парче дебел картон, доволно големо да ја покрие целата површина зад радијаторот. Картонот добро замотајте го со алуминиумската фолија и тоа неколку пати, па така замотаниот картон ставете го директно позади радијаторот  ( можете и да го закачите на ѕид).
 
Познато е дека алуминиумската фолија рефлектира светлост и топлина па на овој начин станот ќе ви биде потпоол, бидејќи дел од нергијата која инаку ја трошите на безпотребното греење на ѕидот на овој напчин преминува во станот.
 
Токму како што фолијата во чевлите ја чува топлината на стапалата, фолијата позади радијаторот ја чува топлината во станот.