Ставен во мирување најавениот штрајк на приватните стоматолози
Штрајкот што за 6-ти овој месец го најави Здружението на приватни здравствени стоматолошки установи и приватни доктори по дентална медицина е ставен во митување, откако денеска на средба со претставници од Министерството за здравство и Фондот за здравствено осигурување било договорено предлозите на здружението за промена на моделот на финансирање во примарната стоматологија да се стават на расправа.
- Во Министерството за здравство беше одржана средба помеѓу претставници на здружението, министерот за здравство и фондот за здравствено осигурување. Тема на средбата беа барањата на здружението кои се и причина за најавениот протест за 06 ноември 2019 година. На средбата беше едногласно договорено предлозите на здружението за промена на моделот на финансирање во примарната стоматологија да се стават на расправа за што беше договорено формирање на работна група во која ќе земат учество претставници на здружението, Министерството за здравство, Фондот за здравствено осигурување и Стоматолошката комора, информираат од Здружението.
Работната група започнува со работа од петок 8 ноември 2019 и со првични резултати од договарањето треба да излезе со соопштение до 15 декември 2019 година.
Од Здруженито информираат дека најавениот протест за 6 ноември 2019 година се става во мирување и најавуваат дека редовно ќе ги информира приватните доктори на дентална медицина за текот на разговорите и решенијата во работната група, како и за евентуална потреба од активирање на протестот.
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка