Македонија
5. November 2018 - 14:58

Ставен под контрола пожарот на планината Беласица над село Габрово

Пожарот кој избувна синоќа на планината Беласица, над селото Габрово, е ставен под контрола, информираат од Територијалната противпожарна единица на Струмица.

Пожарникарите се повлекле, а на местото на пожарот останеле само вработени во Шумското стопанство „Беласица“ од Струмица, кои успеале да го локализираат и да го запрат ширењето на пожарот со заорување.

Дежурни екипи и понатаму контролираат да не дојде до негово повторно запалување и ширење.

Според инфрмармациите пожарот избувнал високо на планината Беласица, а дел од него се проширил и кон соседна Грција.

Таму гореше борова и букова шума, а опфатот на пожарот и штетите од него дополнително ќе се проценуваат.