Македонија
4. September 2019 - 11:56

Ставен под контрола пожарот кој се ширеше кон акумулацијата „Турија“

Пожарот на планината Готен кај Радовиш кој вчера се прошири кон акумулацијата „Турија“ е ставен под контрола по интервенцијата на армиски хеликоптер, кој синоќа до 19 часот учествувал во гаснењето.

– Пожарот е заобиколен од сите страни и е ставен под контрола, посебно над поранешното село Кушкулија. Се надеваме дека нема да дојде до ново проширување, изјави Никола Ристов од шумското стопанство „Беласица“ од Струмица.

Пожарот е активен дваесетина денови и досега е зафатена површина од над 300 хектари претежно со деградирана шума.