Ставен под контрола големиот пожар во близина на Атина
– Под контрола е ставен големиот пожар што кусо пред полноќ изби во населбата Неа Макри во источниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, а превентивно беа евакуирани жителите на две населби, јави дописничката на МИА од Атина.
Огнената стихија предизвика штета на неколку куќи, а целосно изгореа неколку автомобили, додека пак во гаснењето учествуваат 112 пожарникари со пет пешадиски тима, 36 возила, а помагаат и волонтери и цистерни од општините.
Пожарот започна од две жаришта во близина на населени места и преку порака од бројот за итни случаи 112 превентивно беа евакуирани жителите на две населби.
Општината го отвори културниот и спортски парк за да преноќат евакуираните, а обезбедени беа и автобуси за транспорт.
Причините за пожарот, засега се непознати, но градоначалникот на општина Маратонас Стерјос Циркас, говорејќи за „Етнос“ израз 100-процентна убеденост дека е подметнат и потсети дека во истиот дел, пожар имаше и пред десет дена.
Ново на Сител
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка
-
Крилото на Села на АА оди во коалиција со Европскиот фронт, очекува најмалку пет пратенички мандати
-
Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош
-
Физички нападната 71-годишна скопјанка
-
Тепачка на паркинг во Скопје
-
19-годишник повреден на работно место
-
Локализиран пожар во туристичката населба Абланица во Берово