Живот
4. January 2016 - 17:11

Статусот на ова момче го крена Балканот на нозе: Објасни зошто никогаш нема да се врати

Марио Шкариќ е момче кое последните неколку години живее и работи во САД, тој јавно на својот Фејсбук профил го објавил својот револт за животот во Хрватска. 
 
Ова го напишал тој на неговиот Фејсбук профил.
 
"Живеам во Америка 4, речиси 5 години. Онлајн купувам се, од храна до облека и обувки, до телефони и разни електронски уреди. Се пристигнува на куќната адреса, без никакви поголеми компликации, или додатни плаќања (некогаш се плаќа доставата). Данокот е 8.25% а во многу случаи при интернет плаќање не е вклучен, без разлика дали производите потекнуваат од Америка или кИНА.
 
Сега нарачав нешто од Хрватска. Одело, едно, за приватни потреби. Пакетот го запираат на граница и бараат да земам ЕОРИ број, бидејќи со тоа јас станувам увозник.
 
Значи за една работа, за сопствени потреби, ја сум увозник по хрватските закони. За работите да се уште по апсурдни, тој број онлај неможе да се најде (овде онлајн може се, од плаќање на сметки, до издавање на лични карти, или било кој документ од било која служба), не морам да одам до Царина, а ако не се прати во рок од три дена, паќетот ќе се врати на оној кој го пратил.
 
Повторно, јас сум во Америка не постои начин. Некако, во земјата во која што може да се направи се ако знаеш некого, вереницата успеа да го најде и земе тој број во мое име.
 
Го праќам тоа, но ме известуваат дека морам да платам трошоци за шпедицијата, царина и данок од 25%! 25% за нешто што не е купено во Хрватска, ниту ќе се задржи таму подолго од неколку недели и ќе биде носено можеби два пати.
 
И да, го нарачав да дојде во Хрватска бидејќи не бев сигурен дали ќе биде на време доставено на мојата адреса во Америка, пред да одам за празниците."
 
Тој на сите кои го прашале дали би се вратил во Хрватска, им рекол дека не сака неговиот дом да биде земја на лошо напишани и уште полошо спроведени закони. Исто така тој смета дека во Хрватска на секој чекор ги "дерат" граѓаните, политичарите остануваат без "гаќи" и никој никогаш нема пари.
 
Својот статус тој го завршил со реченицата: "Тука барем постои надеж за подобра иднина, но и тешката работа се исплати и добро платена. Во Хрватска тие сонови одамна умреа".