Бизнис
2. јуни 2016 - 19:47

Статистиката преброи над 6600 слободни работни места, најмногу во преработувачката индустријата и за продавачи

Во Македонија најмногу фалат работници за индустријата и продавачи. Според државната статистика, во земјава во првиот квартал од годината имало вкупно 6649 слободни работни места. Половината од нив биле во преработувачката индустрија и трговијата на големо и мало.

На пазарот на труд има 2025 слободни работни места за работници во услужните дејности и трговијата. За техничари има 1180 слободни позиции. Се бараат над 900 работници од елемнтартните занимања како што се земјоделство и градежништво, но и 800 ракувачи и составувачи на машини и постројки.

За пополнување на дефицитарни работни места Агенцијата за вработување врши обуки, но од таму велат дека клучот е во образовнот систем, во прсрет на уписите за средните училишта токму стручните школи треба да станат поатрактивни за младите.

Најмногу слободни работни места има во скопскиот регион, а следи југоисточниот. Најголема потреба од вработување има во малите фирми до 50 работници.