Бизнис
7. December 2021 - 16:33

Статистика пресмета најголем раст на цените на основните продукти, инфлацијата двојно поголема од планираното

Забрза растот на цените на храната во ноемрви. За еден месец лебот поскапел за близу 4%, месото за над 2%, објави денеска државната статистика. Споредено со октомври, поевтино не чинело само овошјето, сите други цени отишле нагоре. Сега, согласно одлуката на Владата, овие цени се замрзнати и ќе важат до крајот на јануари. Владата ги чекаше денешните бројки од државната статистика за да одлучи дали на списокот ќе додаде и други производи кои нема да смеат да поскапуваат. Засега, таму се лебот, брашното, млекото, свежото месо, преработките од месо, маслото, сирењето, урдата, одлука се чека и за јајцата и оризот.

Со последното зголемување на цените минатиот месец, за една година лебот се продава за речиси 7% поскапо, месото за 5,5%, млекото, сирењето и јајцата за над 3%. Маслото најмногу поскапело за една година, за над 24%. Во истиот период од номеври лани, до ноемнври годинава транспортот поскапел за над 20%.

Заклучно со ноември цените на мало се зголемиле за 6,2%, а инфлацијата изнесува 4,8% или двојно над планираното за годинава.