Статистика: Градежните фирми лани изградиле 2.822 стана, најмногу во скопски регион
Фирмите од градежна дејност минатата година извршиле градежни работи во вредност од 28.891.889.000 денари, од кои 10.579.144.000 денари се за објекти во индивидуална сопственост, објави денеска Државниот завод за статистика.
Во текот на 2017 година се градени вкупно 2.191 објект, а завршени се вкупно 2.822 станови со вкупна површина од 178.758 метри квадратни од кои 2.764 се во индивидуална сопственост. Просечната корисна површина на завршените станови е 63,3 метри квадратни.
По региони, најмногу се градело во Скопскиот регион, потоа во Југозападниот, Источниот...
Податоците на Државниот завод за статистика за извршени градежни работи и завршени станови во објекти за домување градени во индивидуална режија, пак, покажуваат дека во 2017 година индивидуални сопственици извршиле градежни работи во вредност од 10.906.130.000 денари. Тие во текот на 2017 година граделе 2.308 објекти и завршиле 2.800 станови со вкупна површина од 322 487 метри квадратни, од кои 108 се станови во викенд-куќи со вкупна површина од 12.527 метри квадратни.
Просечната корисна површина на завршените станови е 115.2 метри квадратни. Изградените станови во индивидуална режија претежно се во Скопскиот регион, по кој следат Полошкиот, Југозападниот...
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација