Балкан
13. October 2016 - 9:25

Статакис оптимист за излез на Грција од економската криза

Грчкиот министер за економија, Јоргос Статакис, изјави дека е оптимист во однос на тоа дека Грција успешно ќе излезе од кризата, додавајќи дека прашањето за долгот е поврзано со целокупното економско заздравување, што може да се случи под одредени услови.

- Грција е на пресвртна точка. Излезот од кризата може да се случи и да биде успешен. Ние не рековме дека се ќе биде решено следната година, изјави Статакис на парламентарниот поткомитетот за грчкиот долг и негово намалување.