Ракомет
30. August 2017 - 22:29

Стартуваше новата сезона од СЕХА лигата

Со одигрувањето на двата натпревара стартуваше нова сезона од СЕХА лигата. Ова е седмо издание на регионалната ракометна лига. На дуелот на двете екипи од Србија Динамо Панчево ја победи Војводина како гостин со 29:24.
На отворањето Татран Прешов го победи Мешков Брест со 24:23.
додека во дуелот на словенечките екипи Горење - Цеље 22:25.
Утре се игра натпреварот на екипите од Хрватска Загреб - Нексе.
Дербито на колото се игра на 2.септември (сабота) во Скопје меѓу македонските екипи Металург и Вардар.
Титулата шампион на СЕХА лигата ја брани македонскиот и европски првак  Вардар.