Тенис
15. October 2015 - 23:12

Стартуваше 3.МТП Опен турнир

Со мечевите од 1.коло денеска почна 3.тиот по ред турнир МТП Опен што се одржува на терените на овој тениски клуб. Трета година по ред настапуваат најдобрите македонски тенисери, а претходните двапати победи Димитар Грабул, кој е актуелен шампион на Македонија. Грабул денеска не настапи во 1.коло , но затоа утре ќе игра на стартот од денот против Дино Вучидолов.

Резултати од 1.коло:
Федор Королев - Бруно Ставревски 6-0, 6-1
Томислав Андреевски - Гранит Бајралиу 6-3, 6-4
Горазд Србљак (7.носител) - Драган Думевски 7-6 (7-4), 6-4
Бесир Дургути (4.носител) - Марко Дуковски 6-1,6-1
Борјан Стефановски - Александар Христов 6-0, 6-2
Стојан Стојановски - Христо Плашески 6-1, 6-2
Предраг Русевски (8.носител) - Теодор Делјановски 6-1, 6-1
Шендрит Деари (6.носител) - Давид Мицевски 6-4, 6-7 (4-7), 10-8
Мартин Јовиќ - Осман Речица 6-1, 6-0
Марио Гештаковски - Стефан Серафимоски 1-6, 6-3, 10-8
Стефан Мицов (3.носител) - Марио Герасимоски 6-0,6-0
Бојан Јанкуловски (5.носител) - Дамјан Домазетовски 6-1, 6-1
Ѓорѓи Поповски - Јосип Апостолоски 6-4, 6-0
Андреј Андреевски - Лазар Мицев 6-0, 6-2
Томислав Јотовски (2.носител) - Елведин Пепиќ 6-0, 6-0.
 
Утре ќе се играат мечевите од 2.коло претпладне и во попладневните часови на програмата се четвртфиналните дуели. Потоа ќе следуваат и мечевите во игра на двојки.
Почетокот на мечевите е во 10 часот и мечевите ќе се играат на три терени.