-->
-->
Стартуваат подготовките за Словачка и Швајцарија
-->
Македонската кошаркарска репрезентација ги започна подготовките за настап во претквалификациите за пласман во квалификациите за Европското првенство во 2021 година.
На првиот тренинг се појавија 15 кошаркари, не тренираа Дамјан Стојановски, Ненад Димитриевиќ и Бојан Крстевски, искусните Ѓорѓи Чековски и Диме Тасоски поради повреди не се во составот, а на тренингот доцнеше и Бојан Трајковски и неговиот статус за оваа репрезентативна акција е неизвесен.
Во составот на националниот тим за натпреварите со Словачка и Швајцарија нема ниту еден од натурализираните кошаркари: Ричард Хендрикс, Џордан Тиодор и Лестер Бо Мекејлеб.
„Дефинитивно, ќе играме без странец. Ќе играме само со македонски играчи. Репрезентацијата ќе биде малку подмладена. Ќе играат играчи на кои ќе сметаме во наредниот период. Словачка ја знаеме, Швајцарија е мала непознаница во смисла што не сме ја гледале, но имам за неа информации“, рече селекторот Јорданчо Давитков.
За селекторот и играчите Словачка не е непознаница бидејќи летово Македонија имаше контролни средби во Словачка, од кои едната поради големи тензии на теренот, не го доживеа својот крај.
„Словачка ќе биде сериозен противник со двајца Американци, едниот е натурализиран, другиот не знам каков е и како воопшто им дозволиле да играат со двајца. Ќе се обидеме да го извлечеме најдоброто, а што е тоа, ќе дознаеме во недела навечер. „Немавме ние некои поголеми проблеми со словачкиот центар, иако е висок 226 сантиметри. Повеќе проблеми ќе имаме на надворешните позиции, имаат двајца Американци, од кои едниот е навистина добар, одличен играч“, рече селекторот.
Според селекторот, борбата за првото место во групата ќе се води помеѓу Македонија и Словачка, но тоа не треба да створи дополнителен притисок кај играчите, особено не на првиот натпревар бидејќи, како што вели, тие треба да дојдат потоа кај нас.
„Не гледам некој притисок кај играчите и заради тоа што Словачка ќе треба да гостува во Скопје. Повеќе притисокот треба да биде кај нив, тие во февруари ќе дојадат кај нас. Треба младите играчи да ги преземат работите, ќе се обидеме да одиграме добро. Треба овие два дена да искористиме да се договориме што ќе играме и да го дадеме најдоброто од нас, за колку тоа ќе биде доволно, ќе видиме.
Кошаркарите ќе гостуваат во Словачка на 23 ноември, а три дена подоцна во Скопје ќе ја пречекаат Швајцарија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Советот НАТО-Украина ќе одржи вонреден состанок за противвоздушната одбрана на Киев
-
Спречен нов атентат врз Зеленски, уапсен Полјак кој соработувал со Русите
-
Бојмацалиев: Една година ФРОНТЕКС - прв договор потпишан на македонски јазик со ЕУ
-
Избрани 12 поротници за судењето против Трамп
-
Директорот на ЦИА предупредува дека Украина би можела да ја изгуби војната до крајот на годинава ако Конгресот не ја одобри помошта за неа
-
Кривична пријава за директор на ЈП „Стрежево" Битола за злоупотреба на службена положба и злоупотреба на постапка за јавен повик
-
Притвор за еден од осомничените за кражбата на сефот од маркет во Црниче
-
ЦУК: Изминатото деноноќие 1 709 повици на 112, нема пожари на отворено