Македонија
22. јуни 2022 - 19:41

Стартуваат големите попусти во Ист Гејт Мол

Целовечерен шопинг утре во Ист Гејт мол. Со ова се означува стартот на попустите на летните колекции на најреномираните брендови кои се наоѓаат во трговскиот центар, најавува извршниот директор.

„По повод летната распродажба која ќе трае во наредниот период, одлучивме да направиме лејт најт шопинг акција. Потрошувачите ќе можат да дојдат утре и да уживаат во попустите кои ги нудат бредновите до 12 часот навечер“, вели Давков.

Шопингот ќе биде пропратен со повеќе настани и активности.

„Ќе имаме диџеј,музика и низа активности кои ќе се случуваат низ тровскиот центар. Дополнитетлно на активностите коишто ќе се случуваат во самите локали на закупците, односно на брендовите.“

Meѓу новитетите во Ист Гејт е и големото отворање на H&M ова лето, а точниот датум ќе се знае во наредните неколку недели.

Попустите во претстојниот период ќе се движат од 50 до 70%, а паркингот е бесплатен.