Кошарка
4. July 2016 - 23:08

Стартуваа Олимписките квалификации во кошарка

Со натпреварите во Белград и во Торино стартуваа олимписките квалификации во кошарка, а третиот турнир што се игра во Манила ќе почне утре.

Во првото коло немаше изненадувања.
Резултати на турнирот во Белград:
Србија - Порторико 87:81 (А група) и Летонија - Јапонија 88:48 (Б група).
Резултати на турнирот во Торино:
Грција - Иран 78:53 (А група) и Италија - Тунис 68:41 (Б група)
 
Утре се играат натпреварите од 2.коло: Порторико - Ангола (А група), Летонија - Чешка (Б група) - Белград
Иран - Мексико (А група), Италија - Хрватска (Б група).
Во 1.коло во Манила играат: Турција - Канада (А група) и Франција - Филипини (Б група).