Бизнис
1. July 2016 - 20:38

Стартува второто намалување на роамингот меѓу Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора

Ново намалување на цените за роаминг помеѓу Македонија, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина. Согласно договорот меѓу четирите змеји, од денеска стапува на сила второто поевтинување на разговорот, СМС пораките и интернетот во роаминг.

Трето намалување на цените за роаминг меѓу овие земији ќе се случи во јули догодина. Во однос на приклучувањето на други земји од регионот, директорот на АЕК вели дека тоа зависи од регулаторните тела на тие држави, да ги убедат операторите да ги намалат своите цени.

Од денес во земјава почна со работа виртуелниот мобилен оператор, Лајкамобајл, кој закупил 175 илјади броеви и ќе оперира со префиксот 079.

Димитријоски очекува влез на нови мобилни оператори на македонскиот пазар со оглед на тоа дека повеќето европски земји типично имаат и над три оператори.