Кошарка
10. October 2017 - 9:37

Стартува втората лига на АБА

 

Со натпреварот во Сараево меѓу Босна Ројал и Вршац кој ќе се игра попладнево (18 часот) ќе започне првата сезона во второлоигашката конкуренција на регионалната АБА кошаркарска лига. 
 
Македонија и во ова натпреварување ќе има свој претставник. 
 
Тоа ќе биде амбициозниот тим на АВ Охрид, кој лани за прв пат се натпреврауваше во Првата македонска лига, а годинава охриѓани најавуваат и поголема конкурентснот.  
 
Своето деби во АБА 2 лигата, АВ Охрид ќе го има утре од 17 часот, пред својата публика во СЦ „Биљанини извори“, против српскиот тим Борац од Чачак
 
На останатите натпреваро од првото коло ќе играат: 
18:00 Теодо - Рогашка
18:00 Сплит - Зрињски Мостар
19:00 Крка – Ловќен 
20:00 Динамик – Приморска