Ракомет
1. December 2017 - 18:07

Стартува Светското првенство за ракометарки

 
 
 Од денеска па се до 17 декември во шест германски града ќе се играат натпреварите на 23-тото Светското првенство за ракометарки. 
 
24-те репрезентации се поделени во четири групи. Пласман во следната осминафинална рунда ќе обезбедат првите четири селекции од секога група, додека петто и шесто рангираните ќе играат за пласман од 17 до 24 место. 
 
На отворањето во Лајпциг, каде ќе се играат дуелите од Д групата, вечерва ќе се сретнат домаќинот Германија и Камерун. Покрај овие две селекции во оваа група ќе играат и: Холандија, Србија, Кореа и Кина. 
 
Во групата А се селекциите на: Франција, Романија, Шпанија, Словенија, Ангола и Парагвај. 
 
Конкуренцијата во Б групата е: Норвешка, Шведска, Чешка, Унгарија, Аргентина и Поска. 
 
Селекциите на: Данска, Русија, Бразил, Црна Гора, Јапонија и Тунис ќе се натпреваруваат во Ц групата.
 
Титулата европски шампион ја брани селекцијата на Норвешка