Свет
23. September 2022 - 16:37

Стартува референдумот во украинските региони под контрола на Москва

Почна гласањето за приклучување кон Русија во четирите  украински региони кои се под контрола на Москва .  Референдумот се одржува во Доњецк, Херсон, Лугањск и Запорожје, области кои сочинуваат 15 проценти од  вкупната украинска  територија,  подрачје  во големина на Унгарија. Референдумот ке трае 5 дена, а резултатите  треба да бидат објавени набрзо откако гласањето ке заврши. Се гласа на бирачки  места кои се под силно обезбедување , но и во домашни услови  за лицата  кои се попречени.

Во долгите редици на проруски настреоните гласачи, сепак ги нема оние кои ја сметаат Украина за своја татковина, а живеат во окупираните територии.

И додека Москва вели дека рефрендумот е можност луѓето да се изјаснат и сами да одлучат каде сакаат да живеат за НАТО и Киев  гласањето  е фарса.  Исто е  расположението  и на улиците  на украинскиот главен град.

Во мегувреме, во Русија продолжува мобилизацијата, но и егзодусот на оние кои не сакаат да одат на фронт.  Сепак нема сите да бидат регрутирани, а руското министерство за одбрана објави дека ке бидат пошедени  оние кои работат во клучните  сектори , како банкарството, ит сектгорот , телекомуникацииите, и во медиумите.