Свет
10. January 2021 - 16:34

Стартува подготовката на петтиот пакет мерки за помош од Владата

Бизнисмени, професори, експерти – од следната недела со владините преставници го почнуваат кроењето на 5 пакет антикризни мерки за помош на стопанството. Бизнисот ќе бара продолжување на исплата на минимална плата, за да се зачуваат работните места. Од Владата велат – има и пари и волја да се продолжи со оваа мерка. Повеќе евтини кредити, нивна достапност за сите, а не само за новите и мали бизниси, но и банкарски гаранции од страна на Владата, за добрите идеи да можат да се реализираат. 

Владата мора многу сериозно да застане со банкарски гаранции зад секоја идеа. Па и 10,15% да се реалзираат, тоа ќе биде успех. Тие пари ќе се вратат во буџетот, изјави Горан Рафајловски, бизнисмен.

Додава дека мора да му се помогне на секој, а паралелено да се направи стратегија за сузбивање на даночната евазија. Не може од 10 стопанственици, 4 да работат на црно.

Експертите препорачуваат – да не се брза со новиот пакет – секоја мерка да се носи детално, со сите финансиски импликации. Премиерот Заев најави дека во февруари ќе биде познат новиот сет мерки за надминување на последиците  од ковид кризата. Минатата година се донесоа 4 – во вкупна вредност од  милијарда евра. Како најпопуларни останаа запаметени платежните картички, ваучерите за туризам и исплатата на минималата плата за зачувување на работните места.