Стартува „Илинденскиот марш 2016“
„Илинденскиот марш 2016“ стартува денеска во 17:30 часот од паркот „Јане Сандански“ во општина Аеродром, која е традиционално покровител на овој Коњички марш, а ќе заврши на 2 август во Крушево, каде што треба да се приклучат на прославата на најголемиот македонски национален празник – Илинден.
Градоначалникот на општина Аеродром, Ивица Коневски се очекува на коњаниците да им го предаде општинското знаме, со што официјално стартува 38.Традиционален коњички марш што го организира Здружението на граѓани од Горно Лисиче „Илинденски марш 1978“.
Дваесет и пет коњаници придружувани од фаланга составена од дваесетина членови, игроорци од КУД „Никола Јонков Вапцаров“, со звуците на зурлите и тапаните ќе се упатат кон црквата „Свети Петар и Павле“ во Горно Лисиче, минувајќи низ главните булевари на општината.
Пред свеченото испраќање на храбрите коњаници од Горно Лисиче, кои се на возраст од 15 до 60 години, во црквата „Св. Петар и Павле“ ќе се одржи свечена литургија, на која високи свештеници од Македонската православна црква ќе им дадат благослов на патот кон Крушево.
Пред испраќањето на илинденците ќе се организира свечена музичка програма каде ќе настапат познати македонски естрадни уметници.
Во испраќањето на коњаниците кон Крушево, ќе се вклучи и Општинската организација на Црвен крст „Кисела Вода“, која во дворот на црквата „Св. Петар и Павле“ во Горно Лисиче ќе одржи крводарителска акција.
Ново на Сител
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар
-
Грчката Влада ја остава отворена можноста да ѝ помогне на Франција со противвоздушни системи за време на Олимписките игри
-
Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила на Македонија
-
Моментно нема индикатори за нов ценовен бран, оценува бизнисот
-
Би-Би-Си на српски: Оствари ли опозицијата недостижна предност пред вториот круг гласање