Loading Video...
Ракомет
20. јуни 2018 - 14:53

Стартува четвртото издание на меѓународниот камп „Кирил Лазаров 7“

Од денеска па се до 2 јули во Охрид ќе се одржува четвртото издание на меѓународниот камп „Кирил Лазаров 7“ .
 
Децата кои својата надградба во ракометот ја гледаат во можноста да учат од Лазаров и неговиот тим се дел од кампот. 
 
Тие покрај брегот на езерото ќе дознаат повеќе за најатрактивниот спорт, поделени во неколку групи според возраста  Иако при започнувањето на кампот во 2015 година замислата била да доаѓаат деца само од Македонија истиот прераснува во интернационален.
 
На кампот покрај учењето ракомет децата се социјализираат преку заедничкото секојдневие кое им е организирано со многу различни содржини.