Loading Video...
Спорт плус
29. December 2019 - 16:10

Стартува 68-то издание на турнејата „Четири новогодишни скокалници“

Денеска стартува 68-мо издание на традиционалната турнеја „Четири новогодишни скокалници“. 
 
Вообичаено првата станица е во германскиот ски-центар Оберсдорф. 
 
Стефан Крафт важи за еден од најголемите фаворити на оваа турнеа, особено во вчерашниот настап во квалификациите кога оствари најдолги скокови. 
 
Главен конкурент на Австриецот, кој беше победник на турнејата пред четири години, секако ќе биде Јапонецот, Роју Кобајаши кој впрочем е и лидер во генералниот поредок во Светскиот куп, но минатогодишен победник и еден од тројцата кои успеале на една турнеја да триумфираат на сите четири скокалници. 
 
Никако не смее да се заборави и Полјакот, Камил Штохл кој е во друштвото на Кобајаши и легендарниот Свен Ханевалд, а кој беше и победник на оваа турнеја во 2017-та и 2018-та година. 
 
Потсетување дека второто натпреварување традиционално е закажано за првиот ден во новата година кога ски-скокачите ќе се натпреваруваат во Гармиш-партенкирхен, а потоа се селат во Австрија, односно на 4 јануари во Инсбрук и 6 јануари во Бишсхофен.