Loading Video...
Фудбал
11. August 2018 - 17:39

Стартни победи на јунајтед и спарс

Вчера започна според многумина најактрактивниот фудбалски шампионат во светот.  Првенството  на Англија.  На увертирата Манчестер Јунајтед го совлада Лестер со 2-1.

            Наместо чиста победа  избраниците на Жозе Мурињо на крајот  го направија мечот возбудлив и неизвесен.  Манчестер водеше уште од 3. Минута со погодокот на францускиот интернационалец Погба кој беше капитен .

            На 2-0 зголеми Шо во финишот од мечот но имаше доволно време  Варди да намали на 2-1  а дури и Лестер да се закани со втор погодок.

            Значајна победа на стартот од првенството оствари Тотенхем кој славеше кај Њукасл исто така со 2-1.

            Мечот беше решен уште во првиот дел. Најпрвин Вертонген ги доведе гостите во водство од 1-0. Израмни Шпанецот Жозелу за да во финишот од првиот дел Деле Али стави крај на овој меч.