Loading Video...
Тенис
30. December 2018 - 15:39

Стартни победи на Германија и Швајцарија на „Хофман купот“

Во Перт се одржува тенискиот Хофман Куп кој на своевиден начин е најава за првиот Гренд слем во новата година Австралија опен. 
 
Во дуелот од А групата, германскиот тандем Анџелик Кербер и Александер Зверев ги добија сите три меча против шпанската двојка Габрине Мугуруза и Давид Ферер. Во оваа група се уште и селекциите на Франција и домаќинот Австралија. 
 
Во групата Б, Швајцарија беше подобра од Велика Британија, откако во сингл мечевите, Роџер Федерар на два пати со 6-1 го совлада Камерон Нори, а Белида Бенчиќ беше подобра во два сета од Кети Бултер. И дуелот во двојки им припадна на Швајцарците со 2:0 во сетови. Покрај овие две селекции во Б групата играат и САД и Грција.