Тенис
27. October 2015 - 19:28

Стартна победа за Јотовски и Дургути на фјучрсот во Тунис

Македонските тенисери Томислав Јотовски и Бесир Дургути стартуваа со победа во конкуренција на двојки на фјучрсот во Тунис во Ел Кантауи.

Македонската двојка без поголеми проблеми ги совладаа руските тенисери Богдан Бобров и Кирил Дмитриев со 6-3 и 6-1 во сетови. Ова значи дека Јотовски денешниот роденден (25.години) го прослави со победа.
 
Во четвртфиналето ќе играат против вторите носители Анис Горбел (Тунис) и Франциско Вилардо (Италија).
Јотовски утре ќе одигра и меч во сингл против вториот тенисер на турнирот Давид Перез Санз од Шпанија.