Спорт плус
15. September 2016 - 21:25

Стартен пораз од Романија за македонските одбојкари

Македонската одбојкарска репрезентација го загуби првиот натпревар од квалификациите за Европското првенство. Нашите одбојкари се поразени со 3:0 во сетови (25:21; 25:14 и 25:12) од домаќинот на првиот квалификациски турнир Романија.
Македонската репрезентација само во првиот беше на потребното ниво, додека во другите два сета Романија беше доминантна.
На првиот натпревар од групата Чешка ја победи Естонија со 3:0 во сетови.
Утре во натпреварот од 2.коло Македонија ќе игра против Чешка, а почетокот на дуелот е во 16 часот.